Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го разреши и директорот на ЈП „Градски паркинг” Михаил Петревски, јавува СДК.МК.
Како што велат извори за порталот, Петревски од вчера не е директор и за нов в. д. директор е назначен Мартин Гавриловски кој е вработен во „Градски паркинг“.
Претходно, во понеделникот разрешен беше и директорот на „Водовод и канализација“ Виктор Панчевски, кој беше именуван пред 6 месеци.