Пожарот на мостот „Беласица“ е предизвикан од несовесни граѓани, вели градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, додавајќи дека не знае колку време мостот ќе биде затворен за сообраќај.
„Прелиминарната истрага покажа дека се работи за фактор човек, имаме несовесни граѓани кои не размислуваат кои се штетите кои може да настанат, и тоа е нешто апелиравме и се надеваме дека МВР и ЦУК ќе ги преземат соодветните мерки да бидат елиминирани последици, а тоа е да се најдат сторителите на ова дело. Градот ги чека анализите да ги видиме извештаите од МВР и од ЦУК и да почнеме со постапување. Треба да се испита дали е безбеден, да се провери неговата статика, па потоа да се даде одговор“, изјави Арсовска за телевизијата „21“.
Таа додава дека е свесна оти се создава сообраќаен метеж, но и дека кога мостот ќе функционира нормално, не зависи од Градот.