Арсовска истакна дека Наумоски земал одмор и боледување и не се појавува на работа да даде отчет и да ја предаде функцијата.
– Го гледам човекот кој беше шеф на кабинет на претходниот градоначалник кој се дрзнува да зборува против местото од каде што ја добива платата, а ја добива од парите на граѓаните на Градот Скопје и притоа си зема одмор, зеде боледување и не доаѓа на работа да даде отчет и да ја примопредаде функцијата. Треба да даде отчет и да каже каде се сите пари кои ги потрошил, рече Арсовска.
Таа нагласи дека Наумоски треба да објасни за парите за кафаните кои ги правеле во износи од илјадници евра, да каже што е она што го направи вклучувајќи ги неколку злоупотреби кои се детектирани и кои мисли дека со дрско однесување ќе може да му биде простено или заборавено.
– Нема да биде простено и заборавено и да знае дека ќе одговара пред граѓаните и градот. Ќе одговара затоа што многубројните злоупотреби кои се направени нема да се покријат со ароганција и дрскост, истакна Арсовска.