Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во емисијата „24 анализа“ на ТВ24 рече дека на изминатите седници на ЗЕЛС, се детектирани се зголемените сметки на ниво на сите општините, особено на оне каде им се еднострано прекинати договорите со дистрибутерите на електрична енергија.
Со една и две фактури по новиот начин на наплата на општините им се троши целиот буџет и потоа се трошат сретства од проектите кои биле наманети во интерес на граѓаните. Сега се наоѓаме и во здравствена, економска и енергетска криза и беа доставени конкретни мерки во делот на снабдувањето со струја. Едно од барањата беше финанска надомест на разликата во цената која се јавува од пред раскинувањето на договорите до оваа позиција, рече Арсовска.