-Покажавме и докажавме дека во Македонија има луѓе со кои треба да се гордееме. Треба да се стимулираат, не само до сега, туку и од сега младите генерации кои што гледаме дека имаат голем потенцијал во себе, кои што гледаме дека носат нешто со себе, истакна таа, продолжи Арсовска.

На прашањето колку сака предизвици и дали се плаши од предизвици имајќи предвид дека функцијата градоначалник на Град Скопје е голем ризик, Арсовска беше децидна дека не се плаши од предизвиците, додавајќи дека најважно и било да покаже дека и некој кој што не е политичар може да успее во една ваква трка.

-Не се плашам од предизвици. Целиот живот на секој од нас е предизвик сам по себе, а ова е нешто ново за мене затоа што сметам дека малку понечесна е оваа игра од она останатото кое што се случувало до сега низ мојот живот и работата. Меѓутоа верувам дека јас и како човек и како жена ќе успеам добро да се справам со тоа што ме очекува, а најважното од се ми беше да покажам дека и некој кој што не е политичар може да успее во една ваква трка и дека можам како независен кандидат за градоначалник да победам, истакна Арсовска.