-Во исто време проектот за Водно – зелен штит на Скопје ќе вклучува и пошумување со 100.000 садници автохтони видови дрвја годишно. Се предвидува и 24-часовна лупа на Водно, односно постојана грижа за парк шумата. Ќе има 24 часовна патрола на редари кои ќе се грижат за заштита на шумското и природно богатство како и за безбедноста на планинарите при несакани ситуации, повреда или слично, пишува Арсовска на Фејсбук и додава:

„На средбата со претставниците од граѓанското здружение „Го сакам Водно“ ги ислушав нивните сугестии и се обврзав итно да ги иницирам сите неопходни чекори што ќе обезбедат сеопфатна и целосна заштита на Водно. За Водно не смее да има компромиси и решенијата ќе се креираат заеднички преку формирање на работен комитет од здруженијата, со професори и експерти кои ќе работат на сеопфатна заштита на Водно“.