-Очигледно Заев е малку нервозен што многу набрзо нема да има ниту една привилегија од тие што ги имаше изминативе години, додава тој.

Тој напиша дека имено во прес-конференцијата наведол дека има склоност кон криминал, претрпе еден од најголемите порази од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со над 100.000 разлика, дека ја опљачкал државава, дека никој не одговарал за 14 изгорени луѓе во тетовската болница и дека функционирал како шеф на нарко картел кој шверцува дрога со државни ресурси.

– И да, стојам позади ова што го кажав и ниту една тужба нема да ги смени овие особини на Зоран Заев. П.С. Немам намера да се извинам, единствен кој треба да се извини на граѓаните и Република Македонија во чие име говорам е Зоран Заев и неговата клика околу него. Се гледаме на Суд, се надевам ќе има храброст барем малку, да дојде ЛИЧНО, бидејќи лично ќе ме тужи, да се соочиме пред Судот и граѓаните и да му ги покажам сите криминални активности што му се припишуваат нему како премиер на оваа Влада, додава Арсовски во својот статус.