Замислете, јавна тајна беше дека на трошок на дуќанџиите од ГТЦ се копа криптовалути, а МВР вели дека ЕВН утврдиле дека нема крадење, туку дека имало дополнителни броила и таму била приклучена таа машина за копање. Од ЕВН пак велат дека нема дополнителни броила и дека има само едно броило за ГТЦ, со што потврдија дека МВР лаже и го штити криминалот, изјави денеска за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
Тој упати прашање до Ѓоко Трајчевски и Трајанка Тасевска, дали ГТЦ смее да препродава поскапа струја на дуќанџиите, од онаа што ја купува?
– ГТЦ ја купува струјата како акцизна стока за 3.7 денари по киловатчас, а ја продаваат 15.9 денари по киловатчас . Ова е класичен грабеж од дуќанџиите кои имаат дуќани и ова е класичен криминал што го прават директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски и претседателот на одборот на директори Трајанка Тасевска, инаку сопруга на директорот на БЈБ. Дали со ова плаќање на повисока цена, односно препродавање на повисока цена на струја кон дуќанџиите од страна на ГТЦ која што ја набавува се покривало крадењето струја кое што го правело семејството Бајрам? На ова треба одговори МВР, треба да одговори Ѓоко Трајчевски, треба да одговори Трајанка Тасевска, појасни портпаролот.
Арсовски додаде дека тоа е јавен простор и дека нема потреба од одобрение, така да ако сметааат да повикаат полиција.
– А, камерата и Вас ве снима бидејќи влетавте на сред прес конференција. И за ова кое што го прават службите на ГТЦ треба повторно да се види како функционира хибридниот режим. Дуќанџиите кои што имаат дуќани тука од сопственици на бизнис ги доведоа на питачки стап со крадење струја. Така да за сето ова и за целиот овој хибриден режим треба да се сноси одговорност. Одговорност ќе има, прашање е кога и како, дециден е тој.