-Ајде сега уште еднаш да ги видиме причините зошто Зоран Заев треба да исчезне од политичката сцена. Тој е најголем срам за граѓаните и за Република Македонија. Тој вети дека ќе си оди од политиката ако ги изгуби изборите, а ги изгуби со 100.000 разлика и повторно не си даде оставка. Образ ѓон. Киднапираше пратеник за да не гласа против неговата Влада како во најмафијашките филмови и молчи 4 дена како да тоа е најнормално. Срам нула. Им изгореа нему и на Венко Филипче 14 граѓани на Република Македонија во тетовската модуларна болница, се ветија оставки, се вети истрага, ниту има истрага, ниту се поднесоа оставки, ниту пак некој сноси одговорност и одговараше. Одговорност нула како и се останато. Проневерија милијарди евра во тендери, поднесени стотина кривични пријави од најразлични граѓани, политички партии, невладини институции до нивните директори и функционери од СДСМ кои што ја водат Владата и сите стојат по фиоки во обвинителството заради спрегата меѓу Заев и правосудството. Одговорност нула и замислете се уште истите тие не крадат нас граѓаните, вели тој.
Арсовски обвини дека шверцуваат дрога кај стигнат луѓе од МВР блиски до Оливер Спасовски и до Зоран Заев, вмешани плус луѓе кои што се беа сомничени од семејството на Зоран Заев, и повторно одговорност нула.
-Крадат преку МВР, крадат преку образование, крадат преку институциите, крадат преку министерство за здравство, крадат од кај стигнат. Единствено што страдаат се граѓаните, а СДСМ се богати на нивниот грб. Затоа, измамникот, лажгото и премиерот во заминување Зоран Заев, треба што побрзо да си даде оставка и да ја ослободи државата, да ги спаси граѓаните и да ја спаси Република Македонија од пропаст. Оставка веднаш! А, одговорност веднаш потоа, истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.