Реакција по прес-конференција на СДСМ
Димче Арсовски, поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ излезе со јавна реакција по споменувањето на неговото име на прес-конференција на СДСМ. Тој објави дека се подготвуваат повеќе тужби и најави дека ќе бидат поднесени истовремено во вторник. Воедно упати порака дека очекува противниците да бидат подготвени да ги докажат своите тврдења пред Суд.
Целата објава на Арсовски:
„Гледам ме спомнала Кузеска на прес конференција на СДСМ дека ме немало никаде за тужбата. :-))
Да беа сериозна партија ќе беа сфатени цинично, ама вака се смешни. :-))
Бидејќи се интересираат, да им појаснам само, не е една, подготвувам тужби не кон еден, туку кон повеќе субјекти, па за да скратиме на обврски и време во однос на поднесување, решив најпрвин да ги подготвиме тужбите, па во вторник да ги поднесеме одеднаш. :-))
Се надевам подготвени се да докажат на Суд, бидејќи во претходните случаеви не беа :-))
Мојот резултат на тужби од лица на СДСМ кон мене е 0️⃣ изгубени.
Сега ќе ја имам честа да го надополнам тој победнички резултат со добиени тужби кон нив, Ве уверувам :-))“
