– Бизнис заедницата ја изоставува Република Македонија како инвестициска локација од единствена причина што секој од власта, од првиот до последниот ешалон им бара мито и ги рекетира и затоа се принудени да одат и да инвестираат компаниите во други држави. Зоран Заев кој што рече дека криминалот и корупцијата ги прави третиот ешалон, очигледно ги има измешано ешалоните, изјави Арсовски.
Тој посочи дека Заев се уште не е свесен дека не му проаѓаат лагите кај граѓаните и се однесува недоветно.
– Еве јавно ќе запрашаме дали и Лидија Димова не е прв ешалон која што ограби европски пари? Стотици илјади евра, европски пари ги проневери Лидија Димова за едукација на магариња и сл. Дали и доделувањето на грантови на високи партиски функционери од Фондот за иновации не беше прв ешалон на функционери? Сите знаете дека една плејада цела од првиот ешалон на СДСМ и власта зема грантови од Фондот за иновации. Дали и Кочо Анѓушев кој што беше втор човек до Заев, потпретседател на Заев, потпретседател на Владата не беше прв ешалон? Господинот си укина царина за увоз на електрични литиум јонски акумулатори. Дали и Драги Рашковски и Николче Тасевски од МНАВ и случајот „Леонардо“ за кој што виде целата јавност односно слушна, не се прв ешалон на луѓе? Веднаш до Заев се. Криминал од неколку милиони евра со италијанската компанија „Леонардо“, истакна Арсовски.
Портпаролот додаде дека историските неуспеси и високиот криминал и корупција се случуваат секогаш кога на власт е СДСМ, но сега во времето на Зоран Заев во СДСМ, криминалот и корупцијата го достигнаа врвот кој што никој не може да го замисли.
– Одговорност мора да има за сето ова, а првичната одговорност следи по локални избори, најпрвин во локалните самоуправи каде што исто така како и во владата и министерствата има криминал, корупција, и сите останати негативни референци кои што царуваат со општините. Сето ова треба да се исчисти од корен. А, тоа ќе се случи веднаш по локалните избори, дециден е Арсовски.