Во недела, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ бираат претседател на партијата. Според политичкиот аналитичар Петар Аросовски, работите во опозизијата се познати и Мицкоски ќе добие обновен легитимитет со што ќе има и одврзани раце за политиките во партијата не исклучувајќи го и окрупнувањето. СДСМ пак треба да се фокусира како ќе се однесуваат после внатрепариските избори а не да се фокусираат на кадровскте решенија, вели Арсовски за Лидер.

ЛИДЕР: На 12 декември двете најголеми партии од власта и опозицијата бираат нов лидер. Дали новиот претседател ќе донесе преструктуирање во своите партиски редови или е само формален чин со познат исход?

-Тоа останува да видиме. Секогаш поголеми промени се очекуваат онаму каде лидерот се менува, во овој случај во СДСМ, односно таму е поверојатно да има некакво преструктуирање, бидејќи се очекува поголем дел од реководството да се смени. Суштински, сепак е поважно како партиите ќе се однесуваат после нивните избори, односно конгрес, одошто кадровските решенија.

ЛИДЕР:Дали смената на Заев ќе значи и нови политики на СДСМ?

Засега, тоа се најавите од сите кандидати – односно во нивните медиумски настапи провејува најава за промени. Сепак треба да се почека изборот и потоа да процениме дали со новиот избор ќе има и некакви нови политики.

ЛИДЕР:Понуди ли СДСМ вистински кандидати за лидер или само претседател на партијата ?

– Сегашните промени се партиски, осносно избор на нов претседател на партијата. Дали тој нов избор ќе направи некаква нова лидерска визија, сепак треба да се почека во првиот период од неговото или нејзиното поставување.

ЛИДЕР:На редовениот конгрес на ВМРО ДПМНЕ во недела се очекува Христијан Мицкоски повторно да ја добие довербата од членовите на партијата за нов лидерски мандат. Што ќе значи неговиот реизбор?

– Тоа во ВМРО ДПМНЕ сепак значи континуитет на политиките, односно задржување на сегашниот курс на раководењето на партијата. Сепак, потврдувањето на Мицковски ќе му овозможи повеќе одрвзани раце во водењето на кадровите и другите политики, зашто ќе има обновен легитимитет.

ЛИДЕР:Дали опозицијата ги обединува своите крила со враќање на старите кадри (Зоран Ставрески) и тргнува во “мисија“ избори напролет и враќање на власта?

Има некаков изглед дека се работи на окрупнување на кадровските потенцијали во опозициската партија, но тоа може да е и коинциденција. Со тек на времето ќе видиме која е кардовата политика таму. Двете опции се возможни, вели Арсовски за Лидер.