„Сведоци сме дека во изминатите години откако СДС ги има запоседнато сите институции во Република Македонија има голем криминал, корупција, енормно збогатување на функционерите кои што се од власта“, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на акцијата „Пораки од реалниот живот – Ова е Македонија за сите“ на денешната трибина насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“.

Арсовски нагласи дека еден премиер си замина кој што беше криминоген, а другиот што дојде продолжи по неговите патеки.

„Пораката на граѓаните е дека највеќе им пречи неказнивоста и она што не одговараат сите овие функционери на власта за сето она кое што го сториле“, рече Арсовски.

„Во моментов најактуелно е дека има пораки од странските дипломати, има еве еден функционер на ДУИ, градоначалникот Рамиз Мерко веќе на црната листа на САД заради криминал и корупција. Видовме дека неколку предмети биле ставени во фиока кои што се работеле во ЈО, не биле спроведени понатака да дојдат до самиот финиш за да има одговорност за она што го направил. Гледаме дека е актуелно и семејството на Артан Груби како сериозно се збогатува, се здобива, се стекнува со сериозен имот, а не приложува воедно потекло на истиот тој имот. И она што е најтазе, сведоци сме на семејството на г. Али Ахмети, кој што е претседател на ДУИ како исто така енормно се збогатило, а нема никакво потекло на имотот“, појасни портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека и во изминатите години откако СДС и ДУИ се на власт имало стотици криминални афери и скандали за кои што ВМРО-ДПМНЕ излегло јавно да ги обелодени, но ниту еднаш обвинителството не отворило случај по допрен глас.

„Би сакал да напоменам во делот на Антикорупционерите кои што се гласни само кога на нив им одговара или имаат некоја насока да излезат во јавност, имаме поднесено стотици и стотици претставки кои што не се обработени изминативе години, а нормално се однесуваат на сомнеж за криминалот и корупцијата на власта. Тие отвораат само случаеви кога се работи само за некој функционер нормално креиран случај, за некој функционер од ВМРО-ДПМНЕ, за подоцна после неколку месеци да самите излезат и се демантираат дека всушност немало никаков криминал. Што значи едно инструирано тело кое што работи само за интересите на власта односно СДС и ДУИ, да ги прикрие нивните криминали“, укажа Арсовски.

Арсовски при своето излагање потсети на поднесени претставки во делот на 400 случаеви на непотизам, каде што власта изминативе години си ги вработуваше своите роднини во јавната администрација и државни институции и немаше никаков епилог од сето тоа. Тука е Фондот за иновации каде што се направи една проневера на сериозна сума на пари пред околу четири години каде што функционери, луѓе кои што се блиски до функционери секако како и роднински до власта на СДС и одредени функционери од ДУИ, и тогаш се поднесоа претставки и случајот повторно заврши заглавен во фиока и немаше никаков епилог.