Затоа, додаде тој, веќе упативме повик и ги охрабруваме надлежните интитуции да ги спроведат сите постапки и да утврдат дали при набавката на овој софтвер се прекршени какви било процедури, правила, станадрди или е нарушен принципот на избегнување конфликт на интерес.
– Информации поврзани со набавката Владата веќе сподели неколку пати. Документацијата ќе биде доставена до надлежните институции кои го проверуваат овој случај, рече Арсовски.