– Кога велам јавно ја прифати, тоа значи дека ја прифати онаква каква што е, односно каква што беше предложена од наша страна. Така да сите овие обиди да се излезе од тоа прифаќање кое јавно на прес конференција го кажаа е само уште еден момент да се видат искрените намери на СДСМ и власта во врска со резолуцијата и врска со оние јасни искрени намери за заштита на државните интереси на Република Македонија, додаде Арсовски.
Тој рече дека повеќето од партиите ја прифатија резолуцијата и не гледаат причина зошто СДСМ веднаш после прифаќањето, сега Зоран Заев бара некакви си усогласувања и измени, бидејќи веќе ја прифати онаква каква што беше предложена.