СДСМ жали што на законит начин е сменет некадарен партиски директор на градинка од овластен ревизор кој бил ангажиран и од претходникот Борис Георгиевски. И по 120 дена по локалните избори ниту еден градоначалник на СДСМ и ДУИ не излегоа со отчет пред граѓаните за сработеното. Наместо тоа СДСМ денес најави скандал, а во реалноста не видовме ниту жижалица, а не пак петарда или бомба како што тие скандалозно најавуваа, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција.
Арсовски потенцира дека видовме како СДСМ жали што на законит начин е сменет некадарен партиски директор на градинка од овластен ревизор.
– По теркот на тоа што сме навикнати од СДСМ денес не видовме како некој договара бизнис од 200 илјади евра како што тоа пред камера го правеше нивниот лидерона СДСМ Зоран Заев, евро за него евро за вицето. Не видовме ниту грабање на туце пари како што тоа го направи директорот на власта Ден Дончев кој го пуштија со парите да избега надцор од државата. Не видовме ниту договарање и продажба на софтвер сам на себе како тоа што го правеше најблискиот човек на Зоран Заев, Драги Рашкоски, рече Арсовски.
Тој додаде дека видовме бајат случај, каде СДСМ се жали што е сменет директор нивен партиски кадар кој несовесно си ја работел работата, а истиот тој ревизор за кој СДСМ вели дека е спорен бил претходно ангажиран од нивниот градоначалник Борис Горгиевски за кого исто така правел ревизија и за ова има општински документи.
– Притоа СДСМ жали за тоа што е сменет нивен партиски кадар од позицијата директор, а не ги кажува прекршувањата на правилата, престапите и злоупотребите што биле правени од истиот тој директор. Ова не е ништо друго туку дефокус од актуелните скандали за претходниот кадар на СДСМ и градоначалник на Гази Баба, Борче Горгиевски против кого има повеќе активни истраги и кривични пријави, и за кого и државната антикорупциска комисија побара да се поведе кривична одговорност за изградбата на објектот на парцелата на Електроелемент, изјави Арсовски.
Арсовски нагласи дека за истиов градоначалник од СДСМ објавивени е и сериозен криминал кој го правел со уличното осветлување.
– Главната болка е што за само 100 дена општината Гази Баба и градоначалникот Боби Стефковски отпочна низа капитални проекти, и реализира значајни градежни зафати со кои решава децениски проблеми за граѓаните на Гази Баба. Тоа нема да ги поколеба градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и покрај силните опструкции од Централната власт. Промените започнаа, и тие ќе донесат иднина, а останатите кои од СДСМ се огрешувале пред законот треба да си ги снесат последицвите и да поинесат одговорност, истакна Арсовски.