Фатон Асани од СДСМ и Владата, вчера имаа обид да го замаскираат потенцијалниот криминал кој би се случил со продажбата на АД Славија, закажана замислете на само два дена пред Нова Година, мислејќи дека никој нема да види и да чуе. Најпрвин, јавно кажаа дека имотот на АД Славија немал вредност и бил претходно распродаден и затоа акцијата паднала од 1700€ на 51€, изјави на денешната прес конференција, Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека тоа не е точно, тоа е распродавано јавно, за да се отплаќаат долговите кон доверителите на тие коишто имаат побарувања. Се што е останато е останато со многу малку долг, за разлика од оној од претходно.
– Да се разбереме, ова е брутална лага, АД Славија има прилично вреден атрактивен имот и земјишта и затоа сакаат да го земат за само 218.535€. Само оваа зграда, позади мене, заедно со пропратните објекти, според процените од 2016 година чини над 9 милиони евра. Објектите како што е управната зграда, магацините, старите и новите, и другите пропратни објекти на ова земјиште тука чинат дури 9 милиони евра, на површина од околу 40.000 м2 земјиште кое се наоѓа тука, кое е во постапка за да приватизација од државно да стане сопственост на АД Славија преку службата за имотно-правни односи.. Со приватизацијата на земјиштето, дополнително би се зголемила вредноста на овој имот и земјиште позади мене за уште неколку милиони евра, појасни Арсовски.
Портапролот јавно праша дали само овој имот и управна зграда чинат 218.535€?
– Не, овој имот сега чини 9 милиони евра, а ќе чини и многу повеќе, а тоа што сака власта да го направи е да приграби државен и народен имот за ич пари. Во најава е груб криминал, во најава е брутално распродавање на имотот на граѓаните за смешна цена, дури 100 пати под продажната и тоа во период кога се менуваат две гарнитури во СДСМ и Владата, за да мислат дека никој нема да сноси одговорност. А се знае, ќе отиде во рацете на некој близок до картелот на власт. Да предупредам одговорност ќе има доколку се случи ова. Институциите да не спијат, они кои седат во фотелјите во Антикорупциска да не спијат, да не играат видео игри по цел ден на работа, туку да излезат и да се произнесат за оваа криминална продажба која треба да се случи. Повик и до сите оние кои се институциите и кои се против оваа продажба, апелирам до свесните луѓе во институциите на државата, да на било кој начин да ја спречат оваа криминална продажба која сака да ја направи Владата, без разлика дали се поврзани со АД Славија или не, додаде Арсовски.