Започната е законската процедура за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да добие отказ на Тетовскиот универзитет, откако пребега во непознат правец по отворањето на коруптивниот случај со „Државна лотарија“, пренесува Фактор.
Инаку Груби е доцент на Правниот факултет, отсек новинарство, на факултетот во Тетово, а според ТВ Алсат, отказот ќе го добие поради неразумно отсуство.
Актот го потврди деканот на Правниот факултет, Сафет Емрули,кој вели дека отказот на работното место следува по неколкудневното отсуство.
„Од минатата недела не се појавил на работното место, што значи дека не ги исполнил обврските од Законот за работни односи и Законот за високо образование. Случајот го процесуиравме согласно законските одредби и започнавме постапка за соодветни мерки согласно законот. Многу брзо ќе бидете известени за одлуката што ќе ја донесеме како универзитет“, вели Емрули.