Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во домашен притвор, додека истрагата за случајот што го опфаќа и натаму трае, потврдија од Кривичен суд Скопје.
Груби бил изведен пред судот и поминал повеќечасовни процесни дејствија, но не се произнел за сомнежите што се предмет на истрагата пред јавен обвинител.
Во меѓувреме, надлежните институции продолжуваат со собирање докази за предметот, кој се однесува на сериозни сомневања за злоупотреби во Државна лотарија, при што штетата се проценува на повеќе милиони евра.
