Артан Груби спроведен во Шутка

МВР официјално потврди дека е уапсен екс првиот вицепремиер од владата на СДСМ и ДУИ, Артан Груби.

-Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ, велат од МВР.

Видео од апсењето на Артан Груби

Тој, според информации на Слободен Печат, веќе е спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Пред некои дваесетина минути бил спроведен во затворот, сам, без адвокат.

Артан Груби се гони за проневера во служба“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени за сторен криминал од 8 милиони евра преку нарачка на ВЛТ апарати.