Манчестер сити ја освои тројната круна откако на освоените титули во Премиер лигата и ФА Купот ја додаде титулата во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Пеп Гвардиола до трофејот стигнаа со пораз во групата во која беа со Борусија Дортмунд, Севилја и Копенхаген, а потоа и со победи во нокаут фазата против РБ Лајпциг (вкупно 8:1), Баерн (4:1), Реал Мадрид ( 5:1) ) и го освои трофејот со минимални 1:0 во финалето против Интер.

Иако и другите европски клубови трошат огромни суми на трансфери и на платитете на фудбалерите, Манчестер сити за многумина е синоним за „купена титулата“, а некои тренерот Гвардиола го нарекуваат „Ќелава измама“.

Шпански „Ас“ не го тврди ова, туку пресмета колку е вложено во клубот од 2008 година, односно откако газда стана шеикот Мансур. Негативното салдо од работењето од 2008 година до денес изнесува 1.452.000.000 евра.

Се додава дека Манчестер сити во последните 15 години одвоил 2.303.000.000 евра за трансфери играчи, а од проджба на фудбалери во клубот влегле 852.000.000 евра.

„Цената за постигнување европска слава е вкупно 1.452.000.000 евра“, заклучи „Ас“ откако Сити ја освои првата титула во Лигата на шампионите.

Инаку, најскапиот играч во историјата на Сити пристигна во клубот во 2021 година. Сити на Астон за Џек Грилиш и плати 117.000.000 евра.