Првата средба ни е во четврток (19:30 часот) во Хале против Германија, а наша цел е да се претставиме во најдобро светло против големиот фаворит.
-За мене, ова претставува огромна чест и задоволство да бидам селектор на националниот тим затоа што се работи за нашата земја. Огромна благодарност до федерацијата што ми ја довери оваа задача. Со првиот натпревар, за мене, како еден од најмладите селектори во женската кошарка, сакам да дадам голема благодарност на сите кои се појавија на овој собир и сакаат да работат и да победуваат. Се надевам дека сите повреди ќе ги надминеме и ќе бидеме спремни за првиот дуел со Германија, -истакна селекторот Александар Aшаданов.
Спортскиот директор на федерацијата, Тодор Гечевски им посака среќа на девојките и воедно се надевам дека меѓународно искуство ќе се искористи во репрезентацијата.
-Ги стартувавме тренинзите за квалификациите за ЕП. Сите девојки кои се најквалитетни се тука. Имаме некои повреди, но се надевам дека сите работи ќе се санираат и дека со најсилниот состав ќе го стартуваме циклусот. Имаме мал напредок во женската кошарка. Имаме повеќе екипи, две екипи кои играат во ВАБА лигата каде имаат солидни и добри резултати. Се надевам дека тоа меѓународно искуство ќе се примени во репрезентацијата и се надеваме на некој позначителен успех. Најважно од сè е сите да се здрави, да играме најдобро што можеме, па да дојдеме до победа, па зошто да не и пласман на Европското првенство, ако ни се даде шанса“ – потенцираше Гечевски.