Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) традиционално и оваа година го објави повикот за учество за доделување на Големата годишна награда за 2022 година.
Големата годишна награда на ААМ се однесува на најуспешно реализирано арААМхитектонско дело, а учесниците со пријавување на своите авторски дела за тековната година може да го остварат своето право на учество.
-Оваа архитектонска награда преставува афирмација на залагањето кон архитектурата во нашата земја. Наградата свечено и со сите почести му се доделува на лауреатот на крајот на годината, а е под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија. Големата годишна награда на ААМ се доделува на државјани на Република Северна Македонија, со завршен VII степен на образование. За учество е потребно по електронски пат да се поднесе пријава за авторско дело – реализиран архитектонски објект на територијата на Република Северна Македонија кој е завршен во истата календарска година, наведува ААМ.
Учесниците кои не се членови на ААМ, а се наведени како автори на проектот кој ќе биде пријавен, за учество во изборот треба да платат котизација во износ од 3 500 денари, по пријавен труд. Доказот за уплата треба да се достави при пријавување за учество, заедно со погоре наведените документи и информации.
Пријавата се доставува по електронски пат на kontakt.aam@gmail.com, а рокот за аплицирање е до 28.11.2022 година