Астрит Исени и официјално ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека за одржување на безбедноста и стабилноста на земјата, Исени ќе работи со целосна одговорност и посветеност.
„Ми претставува чест и привилегија да ја извршувам функцијата заменик министер за внатрешни работи. Ќе се обидеме максимално да го одржуваме јавниот ред и мир, со што нашите граѓани ќе се чувствуваат заштитени и безбедни“, рече заменик министерот Исени.
Исто така, заменик министерот истакна дека неговата посветеност ќе биде максимална во однос на извршувањето на обврските, како и блиската соработка со другите надлежни институции. Ќе се ангажира и за продлабочување на соработката со сите релевантни европски и меѓународни организации поврзани со безбедносните прашања.
Кабинетот на заменик министерот е уверен дека со раководењето на Исени, Министерството за внатрешни работи ќе напредува во исполнувањето на својата мисија за обезбедување безбедна средина за сите.