Многу работи во собранискиот Деловник и Уставот не се прецизни и се опширно поставени, но политичките актери кои три децении во систем на повеќепартиска демократија практикуваат политичката (НЕ)култура во која и покрај тоа што не се деловничко-правно обврзани, согласно политичката етика и практика треба да дејствуваат и надвор од строго предвидените институционални рамки, смета политикологот и политички аналитичар Благојче Атанасоски, за дилемата дали денеска во Собранието треба да се одржат или не пратенички прашања.
За жал, и покрај триесетгодишното искуство со практикување на повеќепартиската демократија, кај нас таа не донесе поместување ниту за јота во политичкиот вординг ,туку се повеќе тонеме во неподносливноста на поларизираноста во која политичките елити се повеќе се закрвени помеѓу себе, вели Атанасоски.
Лидер: Собранието денеска ја констатира оставката на Заев.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифинг со новинарите информираше дека седницата за пратенички прашања нема да се одржи. Според него, досегашната практика покажала дека Владата во оставка, како резултат на оставката на Премиерот, не може да учествува во таква расправа, додека според Деловникот не може ниту да именува свој претставник.
Од другастрана опозицијата тврди дека не постои член во Деловникот каде што пишува дека доколку имаме оставка на Влада нема да се оддржат пратенички прашања.
Ваш став околку ова?
Дали сметате дека премерот Зоран Заев иако не е задолжително треба да ја образложи оставката пред пратениците, со оглед дека како главна причина го наведува неуспехот на локалните избори?
-Очигледно, многу работи и во собранискиот деловник, но и во Уставот не се прецизирани, т.е се опширно поставени, за кога ќе се исправиме пред за нас, вакви несвојствени ситуации во парламентарната демократија (оставка на премиер во сред мандат), ќе имаме правни недоумици и меѓусебно обвинување меѓу власта и опозицијата за кој е во право- деловнички. Едноставно станува збор за наша политичка (не)култура, која се практикува наназад три децении повеќепартиска демократија, во која и покрај тоа што не сте деловничко-правно обврзани, согласно политичката етика и практика треба да дејствувате и надвор од строго предвидените институционални рамки. Без разлика, дали во деловникот стои или не таква одредба, доколку бевме скандинавска или западноевропска земја по политичка култура, ќе имавме т.н пратенички прашања, на кои првиот човек на владата ќе реферираше за поднесената оставка, и требаше да го стори тоа, но зошто премиерот Заев во заминување одбива да го стори тоа, го гледам во насока, дополнително да не се наектрелизира атмосферата во поларизирачкиот парламент и да не се создаде хистеризирачки политички амбиент во очи Нова Година. За жал, и покрај триесетгодишното искуство со практикување на повеќепартиската демократија, кај нас таа не донесе поместување ниту за јота во политичкиот вординг, дискурс, политичкиот морал и ниво на меѓусебно политичко почитување, туку се повеќе тонеме во неподносливноста на поларизираноста во која политичките елити се повеќе се закрвени помеѓу себе, со навреди , омаловажувања, па и закани, а сето тоа негативно влијае на општествено-политичките текови и процеси, од кои најголема штета и загуба трпат сите граѓани, без разлика на нивната етничка, религиозна, социјална или партиско-политичка определба, вели политикологот и политички аналитичар Благојче Атанасоски за Лидер.