Атанасов истакна дека ситуацијата во СДСМ ни навидум не е лесна и едноставна како што сакаат да прикажат пред јавноста, туку напротив се соочуваат со внатрешен судир на неколку партиски струи. Тој додава дека Зоран Заев има свои предлоз и свои линии кои ги влече во партијата, а скопското крило посакува друго решение.

Атанасов додава дека СДСМ како политичка партија не ги остварила оние работи кои биле ветени кон граѓаните, односно не се случиле никакви реформи кои што требале да се случат во образованието, правдата, економијата итн. Според Атанасов, Зоран Заев имал премногу лоша кадровска политика и сегашното повлекување на Заев не е ништо друго освен спасување на сопствената кожа.

Во однос на изборот на претседател на СДСМ и наредниот премиер, Атанасов вели дека Ременска и Деспотовски ги познава прилично добро, но дека Ковачевски никогаш не го видел во партиските кругови, иако и тој самиот е долги години во СДСМ.

За Ковачевски, Атанасов вели дека ќе биде нов обструиран лидер, поради тоа што целата номенклатура на Зоран Заев стои зад него, додека пак од друга страна голем дел од членството на СДСМ посакува друг лидер. Вистина е дека ниту Ременска, ниту Деспотовски немаат директна линија со високото членство на СДСМ, односно со врвот на партијата. Тоа укажува на фактот дека Зоран Заев го пласира Ковачевски пред членството како единствен избор кој мораат да го прифатат, вели Атанасов.

Атанасов вели дека Ковачевски не нуди никаков нов концепт, туку ги следи трендовите на СДСМ од 2014 до 2016 година кога партијата се реформирала и преструктуирала. Тој вели дека проблемот не е во тоа што Ковачевски нема што ново да понуди, туку во тоа што СДСМ не може да понуди нов концепт поради тоа што луѓето во СДСМ не се променети, а тоа е и најголемата причина за неговото повлекување од партиските води.

-СДСМ гласеше за една демократска и либерална партија во која сечие мислење наидуваше на какво такво разбирање и се водеше некоја општествена и граѓанска агенда. Сега тоа не постои. Врвот на СДСМ е ориентиран кон сопствените материјални придобивки и узурпирање на партијата. Замислете во СДСМ не треба веќе да сте ниту паметен, ниту пак премногу искусен за да добиете некоја висока функција, туку доволно е да сте само член на партијата и близок соработник на Зоран Заев, истакна Атанасов за утрински брифинг.

Наместо централизација на силите и на моќта, СДСМ мора да почне со редистрибуирање на богатството, редистрибуирање на парите. граѓаните мора да добијат далеку понормален живот од овој сега. Жално е што оваа партиска постава во СДСМ во овој момент не може ова да го направи, а уште повеќе жално е што со ваква работа на СДСМ не му претстои светла иднина, завршува Атанасов.