Ацевски се повлече од партиската функција
Костадин Ацевски, кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДСМ и претседател на нивната општинска организација, денеска поднесе оставка од партиската функција.
Во видео обраќањето, Ацевски истакна:
„Изборите завршија. Време е да се понесе одговорност. Иако се вложив целосно без калкулации и без да се штедам, сепак резултатот е лош. Поднесувам неотповиклива оставка на функцијата претседател на општинската организација како чин на објективна и морална одговорност за лошите резултати на локалните избори. Верувам дека е исправно и потребно, оставка да поднесат и претседателот Венко Филипче и целото раководство на СДСМ не само заради лошите разултати, туку и заради начинот на дејствување на СДСМ во изминатиот период.“
Тој објасни дека и покрај оставката останува член на СДСМ целосно посветен во борбата за подобро Ѓорче, за подобро Скопје и подобра Македонија.
