Авганистан планира да ја прошири економската соработка со Русија, сака да купува гас и нафта и е решен да потпише конкретни договори, изјави за РИА Новости, авганистанскиот вршител на должноста амбасдор во Москва, Џамал Насир Гарвал.
– Водиме разговори на полето на бизнисот и финансиите. Одлучни сме и навистина сакаме да ја развиеме економската соработка со Русија за да постигнеме напредок во односите. Што се однесува до конкретните области, ние сме заинтересирани за купување гориво, гас, тоа што пред сè и треба на нашата земја. Ние сме решени да постигнеме договори меѓу Авганистан и Русија и да потпишеме конкретни спогодби, рече Гарвал.
Џавал Насир Гарвал, кого го назначија талибанците, почна да работи во Москва во април, откако руското Министерство за надворешни работи му додели официјална акредитација.