Во денешната серија твитови, Командата за воздухопловна мобилност соопшти дека кај жената се појавиле компликации кога започнала да се пораѓа во транспортниот авион Ц-17, пренесува Анадолија.
Поради тоа, „командантот на авионот одлучи да се спушти на височина за да го зголеми воздушниот притисок во авионот, што помогна да се стабилизира и да се спаси животот на мајката“. Летот беше од привремена база на Блискиот Исток до Воздухопловната база „Рамштајн“ во Германија.
По слетувањето, персоналот од 86. Медицинска група на Воздухопловните сили помогна во породувањето на бебето во делот за товар на авионот. Девојчето и мајката подоцна се пренесени во блиската медицинска установа и се во добра здравствена состојба.