Првите летови до новите дестинации ќе бидат во декември 2021. Картите се веќе во продажба на wizzair.com или на мобилната апликација со цени од 1229 МКД / 19.99 EUR.
–Среќни сме да го најавивме проширувањето на нашата мрежа од Северна Македонија до нови дестинации во Италија, Германија и Данска. Со новите услуги од Скопје до Болоња, Торино и Билунд, и од Охрид до Фридрихсхафен, Визер сега нуди уште поголем избор на дестинации за Мкедонците. Секој може да ужива во ултра ниските цени и да патува безбедно до својата нова омилена дестинација и да открие нови места со нашите модерени авиони. Со нетрпение очекуваме да ги пречекаме првите патниците до новите возбудливи дестинации, изјави Паулина Госк – менаџер за корпоративни комуникации во „Визер“.
Новите рути до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе почнат со работа благодарение на распределбата на 5 -тиот авион на „Визер“ базата во Скопје.
Авиокомпанијата ги советува патниците да ги проверат рестрикциите пред да го почнат своето патување. Со својата подобрена Мапа за планирање на патување, патниците можат да ги проверат рестрикциите за патување низ мрежата на WIZZ. Веб-страницата со кодови во боја прикажува сеопфатна карта на можни дестинации, со соодветни линкови до владини веб-страници, страници за патувања и сите формулари што треба да се пополнат пред поаѓање.