Авионот кој леташе на релација Хамбург – Скопје синоќа не успеа да слета на аеродромот во Македонија, откако имаше 11 неуспешни обиди, по што мораше да биде пренасочен.

Густата магла и намалена видливост беа причина за авионот да биде пренасочен од Скопје кон аеродромот во Приштина.

Маглата веќе неколку дена по ред прави проблеми на аеродромот во Скопје, при што мора да се бара алтернативно решение.