-Со тек на време сето тоа ќе не чини повеќе, но тоа е вистинскиот пристап што треба да го направиме, изјави Бастијан.

„Делта ерлајнс“ претходно објави дека инвестирала 30 милиони долари годишно во мерки за намалување на штетните гасови и дека од март минатата година постигнала „нулта нето емисија на јаглерод диоксид“.

Повикувајќи се на податоци од Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), Би-Би-Си потсетува дека воздухопловната индустрија е одговорна за околу два и пол проценти од емисиите на јаглерод диоксид и до тој степен влијае на глобалното затоплување.