ЕАСА ги советува авиокомпаниите, како и превозниците кои не се членки на ЕУ, да ја избегнуваат областа над Белорусија, освен во итни случаи.

– Околностите на овој случај ја доведуваат во прашање усогласеноста на Белорусија со меѓународните правила за цивилна авијација. Пренасочувајќи го авионот, Белорусија ја загрози безбедноста на летови и ја доведе во прашање способноста на државата за безбедност на воздушниот сообраќај, се наведува во соопштението на ЕАСА.