Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), по објавата на СДСМ поврзана со уредувачката политика на порталот „Инфомакс“, апелира јавната комуникација да биде конструктивна и професионална.
Од Агенцијата посочуваат дека СДСМ треба да се воздржи од етикетирање и дискредитирање на новинари и медиуми, бидејќи таквите практики ја поткопуваат довербата во јавниот дискурс и можат негативно да влијаат врз слободата на медиумите и демократските процеси.
Воедно, се нагласува дека медиумите и новинарите имаат обврска да известуваат професионално, објективно и непристрасно.
„Медиумите и новинарите имаат обврска да известуваат професионално, објективно и непристрасно, придржувајќи се кон новинарските стандарди и етичките принципи, со цел обезбедување точни и навремени информации од јавен интерес“, наведуваат од АВМУ.
