АВМУ со реакција по навреди на СДСМ
АВМУ со реакција поради навредливиот, омаловажувачки и деградирачки говор во соопштенијата на политичката партија Социјалдемократски сојуз на Македонија, насочен кон новинарот Бранко Героски.
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги смета дека користењето на лични навреди, дисквалификации и етикетирања на новинари претставува форма на притисок која има обесхрабрувачки ефект врз слободното новинарство. Ваквиот начин на комуникација придонесува за продлабочување на поларизацијата во општеството, со што се поткопува демократијата и се врши индиректен притисок врз уредувачката независност.
Агенцијата во повеќе наврати апелира до сите политички субјекти да покажат повисоко ниво на одговорност во јавниот дискурс, да се воздржат од навредлив и деградирачки говор кон медиумските работници и да ја почитуваат улогата на медиумите како еден од столбовите на демократијата.
