Дрога вредна околу пет милијарди австралиски долари (3,16 милијарди евра) била уништена во специјални печки низ Австралија, откако федералната полиција го зголемила притисокот врз криминалците кои се обиделе да внесат дрога во земјата, објави „Индепендент“.
Запленети се метамфетамин, МДМА, амфетамин, со тежина од над 20 тони. Уништени се и 1,3 тони кокаин и 2,2 тони канабис.