Повеќе од 40 земји, за време на климатскиот самит на ОН КОП26 во Глазгов, ветија дека наредните децении ќе ја укинат употребата на јаглен. Самитот се одржува со цел да се ограничи глобалното затоплување на Земјата од индустриската револуција на 1,5-2,0 степени Целзиусови.
Австралија, заедно со некои други големи корисници на јаглен, како што се Кина и САД, не се приклучија.
– Многу јасно кажавме дека нема да затвораме рудници за јаглен и нема да затвораме електрани на јаглен, изјави австралискиот министер за ресурси Кит Пит за националната телевизија Еј-Би-Си.
Во одбрана на одлуката на Австралија, Пит рече дека Австралија има еден од најквалитетниот јаглен во светот.
– И затоа ќе продолжиме да имаме пазари во наредните децении. И ако тие купуваат … добро, ние продаваме, додаде тој.
Според него, побарувачката за јаглен се очекува да расте до 2030 година.
– Претпочитам тоа да биде да бидам висококвалитетен австралиски производ кој обезбедува австралиски работни места и ја гради австралиската економија отколку да доаѓа од Индонезија, Русија или од друго место, изјави австралискиот министер.
Австралија е еден од најголемите производители на јаглен и природен гас во светот, но во последниве години страда и од се поекстремни суши, поплави и пожари предизвикани од климата.
Минатиот месец, владата на премиерот Скот Морисон постави цел за нула нето емисии до 2050 година, но планот беше критикуван поради недостиг на детали и затоа што многу се потпира на сè уште непознати технолошки откритија.
Австралискиот совет за минерали, кој ги претставува големите рударски компании како што се БХП и Рио Тинто, соопшти дека целта за 2050 година може да се постигне преку значителни инвестиции во технологијата.
Пит рече дека околу 300.000 работни места во Австралија зависат од секторот за јаглен. Самиот совет за минерали тврди дека индустријата за јаглен директно вработува 50.000 работници и одржува уште 120.000 работни места.
Големите рударски компании како БХП велат дека се откажуваат од најзагадувачките фосилни горива.
БХП денеска соопшти дека го продала својот 80-процентен удел во металуршкиот рудник за јаглен во источен Квинсленд на Стенмор Рисорсес (Stanmore Resources) за најмалку 1,2 милијарди.