Земјата вчера постави рекорд со 914 нови случаи на корона вирус, што е најголем дневен број на новозаразени, додека јужните и источните држави Нов Јужен Велс, Викторија и главниот град Канбера останаа под строг карантин, пренесуваат британските медиуми.
-Не можете да живеете во карантин засекогаш, мора да го промените тоа во одреден момент, и тоа се случува кога 70 проценти од населението е вакцинирано, рече Морисон во телевизиско интервју.
Заклучувањето е клучен елемент во стратегијата на федералната влада за спречување на пандемијата на корона вирус, се додека не се достигне нивото на вакцинација од 70 проценти, а границите постепено ќе се отвораат кога бројот на вакцинирани ќе се зголеми на 80 проценти.
-Заклучувањето не е одржлив начин за решавање на проблемот со вирусот и затоа мора да достигнеме 70 и 80 проценти од вакцинираните, за да можеме да почнеме да живееме со вирусот, додаде премиерот Морисон.
Во Австралија, која има 25 милиони жители, околу 60 проценти од населението во моментов се наоѓа во карантин.