Австралија ќе продолжи да ја отвора својата економија и покрај рекордниот број на нови случаи на инфекција со коронавирус.
Рекорден број на новозаразени денеска се регистрирани во државите Викторија, Квинсленд, Јужна Австралија и Тасманија. Во државата Нов Јужен Велс, бројот на нови инфекции изнесува 20.794, што е помалку од рекордниот број од 22.577 потврдени во саботата.
На национално ниво, бројот на новозаразени е 37.150 во изминатите 24 часа, што е најголем број од почетокот на пандемијата.
– Треба да престанеме да размислуваме за бројот на нови инфекции, туку да мислиме за тоа колку е сериозна болеста, да живееме со вирусот, да го држиме сопственото здравје под контрола и да се погрижиме да внимаваме на симптомите и да продолжиме да ја отвораме нашата економија, изјави австралискиот премиер Скот Морисон.