Во исто време единиците за интензивна нега веќе се под притисок, рече канцеларот Александар Шаленберг.
Околу 65 отсто од австриските граѓани се целосно вакцинирани против коронавирус, најмалку во Западна Европа, освен Лихтенштајн, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Многу Австријци се скептични за вакцините, дополнително охрабрени од крајно десничарската Партија на слободата, трета по големина во парламентот.
Според владиниот повеќефазен план договорен во септември, кога 30 отсто од креветите за интензивна нега се окупирани од пациенти со Ковид-19, карантин ќе биде прогласен за невакцинираните и нивното движење ќе биде ограничено. Сега 20 отсто од креветите се пополнети и тој број рапидно расте.
„Според постепениот план, всушност имаме само уште неколку дена додека треба да воведеме карантин за оние кои не биле вакцинирани“, рече Шаленберг на прес-конференција во западната провинција Форарлберг, додавајќи дека стапката на вакцинација е „срамно ниска“.
На невакцинираните повеќе не им е дозволен влез во ресторани, театри, ски-лифтови и салони за нега како фризерски салони, одлучи владата во петокот.
Австрија прогласи карантин три пати минатата година, ограничувајќи го движењето само на основните работи.
Полицијата ќе проверува дали граѓаните ја почитуваат одлуката на Владата, рече канцеларот.