На премините кон Германија, пишуваат австриските медиуми, не се врши контрола на патниците при влез во земјата, а причина е неусогласеноста за ингеренциите меѓу двете министерства. Од австриското Министерство за внатрешни работи објаснуваат дека не контролираат бидејќи не добиле налог од Министерството за здравство.
Сепак, од Министерството за здравство посочуваат дека таков налог е даден на почетокот на пандемијата и дека не е потребно да се обновува.
Инаку, контролата на сите патници на границата со Унгарија се спроведува од почетокот на пандемијата, а полицијата и армијата тоа го прават заедно. Само минатата недела МВР извршило 518.000 контроли и над 300.000 здравствени проверки.