Австрискиот канцелар Карл Нехамер денеска изјави дека неговата земја е воено неутрална, „но разбираме дека мораме да помогнеме таму каде што се случуваат неправди и воени злосторства“.

Австрија ги поддржува санкциите на Европската унија против Русија и блокот е подготвен да спроведе повеќе санкции, рече Нехамар на заедничката прес-конференција во Киев со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Нехамер ќе го посети градот Буча, кој го нарече „место на воени злосторства“.

„Мораме да им ги кажеме на ОН тие воени злосторства и меѓународната правда мора да започне со истрага и борба против овие злосторства“, рече тој.

Зеленски му се заблагодари за досегашната поддршка што ја доби Украина и го повтори повикот за повеќе санкции кон Русија.