Според него, затворањето за невакцинираните, како што сега стојат работите, најверојатно е неизбежно.
Во исто време, тој одби „заклучување“ за вакцинираните.
-Не гледам зошто две третини од граѓаните да ја загубат слободата поради една третина кој се двоуми. „Јасно ми е дека нема да има „заклучување“ за вакцинираните од солидарност со невакцинираните, истакна тој.
Тој смета дека тоа не би било разбирливо и дека би ги уништило сите стимулации за вакцинација.
Шаленберг вели исто така дека не гледа од демократска гледна точка зошто мнозинството да биде заложник на малцинството.
Поради тешката епидемиолошка состојба, убеден е дека зимата и Божиќ ќе поминат со „2Г“ мерки, кои овозможуваат пристап до угостителските, забавните и културните институции само за вакцинираните и излечените од ковид-19.
„Локдаун“ за невакцинираните, според него, е тешка, но очигледно неопходна мерка.
Тој најави и зголемен притисок за контрола на почитувањето на мерките.
Шаленберг истакна дека меѓународните споредби покажуваат дека вакцините носат успех, а во Австрија, наведува тој, стапката на вакцинација е „срамно ниска“.