Министерот за внатрешни работи на Австрија Герхард Карнер изјави дека барањата за азил во ЕУ треба да се решаваат во таканаречени трети земји, надвор од Унијата.
Карнер вели дека би било добро решение мигрантите во иднина да се враќаат од ЕУ во трети земји и таму да чекаат да се решат барањата.
Тој ги наведе примерите на Велика Британија и Данска.
Според него, третите земји за возврат треба да добијат економска помош.
– Оние кои немаат право на статус на азил ќе мора да се вратат во земјата на потекло, а оние на кои ќе им биде одобрено барање ќе добијат заштита во ЕУ, објасни Карнер за германскиот весник „Велт“.
Тој се изјасни и против квотите за распределба на бегалци во ЕУ.
– За такво нешто би требало да се променат одредени европски закони и треба да биде јасно дека ова решение може да дојде само ако го поддржат сите земји од ЕУ, објасни Карнер.