Од Град Скопје соопштија дека автобуси на ЈСП Скопје на линиите 9, 12, 22, 23 и 45 сообраќаат редовно и без задоцнување.

Приватниот превозник „Слобода Превоз“ има обврска да ги почитува договорените обврски од јавен интерес, велат од Градот.

-Во последниот месец се оценува квалитетот на работењето на приватнитте превозници согласно индикаторите за квалитет на работењето (редовност, хигиена, валидација на билети) поради се почестите поплаки на граѓаните за квалитетот на превозот од страна на приватните превозници, информираат од Град Скопје.