Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска (Бадник), утре (Божик) и в сабота, 8 јануари, сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии. Дежурни се три билетарници, а жичарницата ќе работи вообичаено.
ЈСП информира дека исклучок од неделен возен ред се линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 55, 55б, 56, 56а, 81, 118, 160 и 164, кои денеска ќе возат по саботен возен ред.
Дежурни од 7 до 19 часот се билетарниците на Транспортен центар и Зелен пазар, а од 7 до 13 часот е отворена билетарницата во Ѓорче Петров.
Жичарницата во овие три дена ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.