Украински официјален претставник изјави дека конвој автобуси на пат од опколениот украински град Мариупол бил задржан на руски контролен пункт во Василивка, град меѓу Запорожје, кој е под контрола на Украина и Бердијанск, под руска контрола.
„Нашата задача е да отвориме хуманитарен коридор и да им помогнеме на луѓето да преживеат, особено на цивилите – жени, деца, стари лица“, според Ирина Верешчук, украинска министерка за реинтеграција на привремено окупираните територии.
-Од 12:30 часот, 45 автобуси тргнаа од Запорожје за Бердијанск. Од овој момент тие се на контролниот пункт Василивка, а Руската Федерација повторно не ги пропушта нашите автобуси. Повторно и повторно, ние бараме од целата светска заедница да го фокусира своето внимание и да им помогне на луѓето да излезат од окупираниот Мариупол, рече Верешчук.
Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека за утре се подготвува да го олесни безбедното минување на цивилите од Мариупол.
Верешчук рече дека околу 100.000 луѓе на кои им е потребна итна евакуација остануваат во градот, од предвоеното население од повеќе од 400.000.
-Односно, уште 100.000 жени, деца, стари лица и лица со попреченост на кои им е потребна нашата и светската помош, рече таа.
Верешчук тврдеше дека 45.000 украински граѓани се насилно депортирани во Русија, бројка што CNN не можеле веднаш да ја потврдат. Руската војска соопшти дека илјадници се „евакуирани“ во Русија од регионите под контрола на сепаратистите и од „опасните области“ на Украина.
-Претходно денеска, заменик-градоначалникот на Мариупол, Сергеј Орлов, изјави за Си-Ен-Ен дека автобусите се движат низ коридорот за евакуација.
Орлов рече дека 1.500-2.000 ќе можат да се евакуираат од градот од денеска до утре.
Тој додаде дека во градот има „постојани улични битки“, но украинската армија сè уште го контролира центарот на градот.
-Луѓето што остануваат во Мариупол „живеат како глувци. Тие живеат под земја во засолништа за бомби. Така, луѓето даваат се од себе за да преживеат во оваа ситуација, рече тој.