Од падот возилото претрпело сериозни оштетувања, а според очевидци едно лице се здобило со повреди на главата.

На местото на настанот забележливи се траги на кочење, но поради недоволната обележаност и несоодветната брзина возилото завршило во дупката длабока три метри.

-При падот автомобилот удри и во еден од поставените сообраќајни знаци, но со оглед што и покрај изведувањето на градежните работи не е поставена заштитна ограда, ниту пак местото е соодветно осветлено, опасноста од сообраќајни несреќи е постојано присутна. Ископаниот отвор е со ширина од неколку метри и се наоѓа токму на средина од коловозот, поради што потребна е поголема внимателност и намалена брзина на возилата за да се заобиколи по помошниот пат во близина, истакна очевидец на сообраќајната несреќа.

Службени лица од Полициската станица – Кочани направија увид на местото на настанот.

Делницата од експресниот пат на влезот во Кочани се реконструира повеќе од една година, а градежните работи се одвиваат со различно темпо, поради што неодамна имаше и реакција на дел од стопанските субјекти во зоната Лесна индустрија во Кочани, кои упатија забелешка за отежнатиот пристап и влез во нивните објекти.