На 27.04.2022 во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Тодор Александров“, патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки удрило во Б.Д.(81) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Д, информира МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.