На крстосницата на скопските булевари „Климент Охридски“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“ попладнево се случи невообичаена сообраќајна незгода во која учествуваа автомобил и возило на Брзата помош, објави Фактор.

Според очевидци, комбето на Брзата помош превезувало пациент на пат кон Клиничкиот центар и ја поминувало крстосницата со вклучени ротациони светла, но возачот на автомобилот „Пежо“ не му дал предност, односно не го пропуштил, по што дошло до судирот.

Нема информации за тоа дали некој е повреден во сообраќајката.

Увид на местото на настанот извршила екипа на МВР.